Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Утринската температура се движеше од два до девет степени, а дневната температура ќе достигне до 21 степени.
Утре врнежите ќе бидат пообилни (над 20л/м2) и поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.
Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура од недела зачително ќе опадне.
Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.