Понеделник е најлош ден за средба, сабота најпопуларна

vecera

Средбите на почетокот на неделата најчесто завршуваат со откажување во последен момент, а главни причини се болест, замор, професионални обврски и подобра понуда, утврдила студијата на американскиот портал за запознавање match.com.
Понеделник е најлош ден за средба, додека саботата е најпопуларна затоа што луѓето имаат повеќе време за подготвување, пишува „Дејли мејл“. Викендот е четири пати повеќе популарен од работните денови и 81 отсто од испитаниците попрво за време на викенд би излегле на средба отколку било кој друг ден, потврдило истражувањето.
„Сабота е најпопуларен ден затоа што луѓето се поопуштени отколку за време на работната недела и имаат повеќе време за средување. Не е ни чудно што понеделникот е најлош ден, бидејќи луѓето се секогаш заморни од викенд-активности или се преоптоварени со работа,“ изјави стручњакот за врски Кејт Тејлор од порталот match.com.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.