Ако веќе не можете да се откажете од цигарите, без разлика на тоа што знаете какви штетни последици ви носат, обидете се да го намалите ризикот за заболување од рак на белите дробови.
Постојат голем број намирници кои се користат како би го исчистиле организмот од катран и го смалуваат ризикот од појава на инфекции.
Два до три пати неделно инхалирајте етерични масла од еукалиптус, пеперминт, рузмарин или мајчина душица. Тоа помага да ги исчистите белите дробови од токсини и вишок на слуз. Загрејте вода и во неа додајте неколку капки од етерични масла. Вдишете од топлата пареа на водата и одма ќе се намалат проблемите со дишењето.
Како и сите други видови на чистење на организмот, чистењето на белите дробови вклучува корекција на исхраната. Здравата храна е важна бидеќи ги забрзува природните механизми на чистење на телото и го зајакнува имунитетот. Се препорачува да се внесува повеќе вода, овошје и зеленчук.
Магнезиумот е материјал кој во главно се препорачува на луѓе кои беледуваат од астма. Тој може да го зголеми капацитетот на белите дробови. Наједноставен начин на внесување на овој минерал е конзумирање на јаткасти плодови и грав.
Лутата храна како чили пиперките помага за разградување на вишокот на слуз во белите дробови. Поради тоа кога јадите лута храна може да забележите дека веднаш започнува да ви тече носот. На ист начин лутата храна делува и во разградување на вишокот на слуз и катран во белите дробови, помагаќи му на нашиот организам полесно да ги елиминира.
Ова се само некои од намирниците кои помагаат и делуваат како превенција за заштита на организмот.