Измина рокот за доставување на независни кандидатури за градоначалници и членови на советите во општините, за престојните локални избори кои ќе се одржат на 19. октомври.
Маркукуле дознава дека во Прилеп има најмногу независни кандидатури, или од 23 во целата држава, во Прилеп има 6 независни кандидатури за градоначалник и уште 3 за членови на Советот.
Досега на социјалните мрежи својата кандидатура јавно ја објави Павлинче Печијареска Матеска, вработена во Општина Прилеп, па останува деновиве да видиме кои се останатите независни кандидати кои ќе бараат поддршка од прилепчани.