Половина стружанка, половина прилепчанка: Ангела Гелинческа по четврт пат стана Државен фитнес шампион (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Ангела Гелинческа е половина стружанка, а половина прилепчанка, барем така си ја знаеме во Прилеп. Во саботата на 20 април, во салата “Расадник” во Скопје, Ангела стигна до четвртата титула во Македонија и по четврт пат стана фитнес шампион на нашата држава.

Гелинческа во свои успеси го има и петтото место на Балканското првенство во 2016 година и четвртото место во 2017 година.

“Конкуренцијата на Балканско е секогаш многу поголема за разлика од Македонија. Освоив и бранев титула со напорни тренинзи во изминатите три месеци. Тренинзите беа во теретана, но и во моето студио за аеробик и пилатес BodyLab”, вели Ангела.

За успех и за одлично градено тело вели дека главна улога има 100% правилната исхрана, дисциплината и огромната желба за натпреварување.

Ангела сега се подготвува за Балканскиот натпревар, кој од 17-19 мај ќе се одржи на островот Крф.

Покрај во нејзиното студио за аеробик и пилатес “BodyLab”, Гелинческа работи и како персонален тренер во теретаната Еlite Gym во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.