Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Слаб снег провејува во Смојмирово, Делчево, К.Паланка, Страцин, Маврово, Стража, Ѓавато и на Плетвар кој не се задржува на коловоз.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар- Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.