Црногорецот Никола Вујошевиќ (24), инаку автомеханичар во некој сервис во Подгорица, успеал со измама да испумпа од банкарската сметка на компанијата “Роминг Монтенегро” цели 1,6 милиони евра.
По него полицијата и понатаму интензивно трага и сеуште е нејасно како можел да спроведе на дело толку добро смислен план, кој опфаќа не само добро познавање на конкретни компании, туки и банкарско сметководство, пишува порталот “Вести”.
Вујошевиќ на мистериозен начин, без знаење на сопственикот на споменатата компанија, инаку успешен бизнисмен, се запишал како извршен директор на фирмата во Централниот регистар и со помош на други лица од банката каде фирмата имала сметка, како и врз основа на фалсификувани документи, извршил 33 трансакции преку кои извршил одлив на средства.
“Се работи за добро изведена измама, така да можно е да постои уште некој кој го смислил целиот план, а ова да се извршувачите на работата. Се сомневаме во сите роднини, па и познаници, затоа што некој бил добро запознат со работењето на фирмата “Роминг Монтенегро”, која е една од поуспешните во Црна Гора”, изјавиле од полицијата за “Вести”.