Полицијата со казни од 500 евра и одземање на возилото

klip (1)

Полицијата со казни од 500 евра и одземање на возилото

 

Доколку ја скршите наплатната рампа на патарина, полицијата трајно ќе ви го конфискува возилото. Покрај одземањето на возилото, ќе платите и глоба во износ од 500 евра. Оваа новина доаѓа со измените на Законот за јавни патишта. Доказ против вас ќе бидат снимките од камерите на патарините.

На барање на руралните средини со измените на Законот се овозможува заштитниот појас покрај регионалните и магистралните патишта да не биде помалку од пет метри, наместо досегашните 20. Со оваа одредба, ќе се овозможи да се легализираат определен број објекти и да се урбанизираат определени подрачја.

Попрецизно се регулира и одобрувањето и поставувањето натписи, реклами, табли и инсталации во заштитниот појас на државните патишта, како и заштитни огради и столбчиња на патиштата во општините и Град Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.