Полицијата изврши претреси во Црнилиште и Дебреште – пронајдени две ловечки пушки

-На 12.08.2025, со судски наредби, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес кај С.С.(58) од село Црнилиште и С.Ч.(67) од село Дебреште поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и чување на огнено оружје“. При претресот кај С.С. била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „Гардоне“ калибар 7,62 x39, додека при претресот кај С.Ч. била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „Црвена Застава“ со калибар 16 мм. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.