Полицијата заплени четири запрежни коли и едно моторно возило натоварени со бесправно исечени дрва – четворица прилепчани заработија пријави

На 22.06.2023 во реонот на вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од ОВР Прилеп ги затекнале Н.Ј.(44), И.К.(25), С.А.(25) и Ѓ.И.(29), сите од Прилеп, при нелегален транспорт на огревно дрво, со едно моторно возило и четири запрежни коли.

Дрвата, моторното и запрежните возила, како и три моторни пили, биле одземени и предадени на Шумска полиција Прилеп за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.