Вчера, во рамки на акциониот план за превентивни активности од страна на СВР Битола преку сите Одделенија за внатрешни работи беше спроведена превентивна активност под мотото „Шумите се наше најголемо богатство, да ги чуваме нашите шуми’’. Во непосредна комуникација со граѓаните на кои им беа поделени и печатени едукативни материјали им беше посочена потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд и за начините за превенција и заштита на шумите. Покрај ова, на граѓаните им беа дадени и совети за заштита од кражби.
Исто така, вчера во Крушево, од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крушево, беше спроведена превентивна активност под мотото „Стави појас“. Полициски службеници преку непосредна комуникација со возачите им укажуваа за задолжителната обврска за носење сигурносни појаси при возење и за возачите, но и за сопатниците како исклучително важна нормативна и безбедносна мерка.
Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со информативни содржини во насока на запознавање и подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот.
Во Прилеп, истиот ден, беше реализирана превентивна активност во насока на поголема безбедност во сообраќајот со акцент ставен на забраната за употреба на мобилен телефон при управување на возилата.