Полицијата вчера казнуваше пешаци на подрачјето на СВР Битола

Во текот на денешниот ден (07.11.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата, санкционирани се 27 прекршоци, од кои, 25 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…

За време на контролата санкционирани се и 10 други видови на прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, а возачите да ги почитуваат своите обврски кон пешаците. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.