Кој му наредил и под чија команда денеска лице од Струмица се обидувало да влијае врз утрешното гласање?
Ова се двете најважни прашања на кои ке треба да одговори претстојната истрага во која засега е опфатено само едно лице. Имено, 52 годишен струмичанец , според сознанијата кои ги добивме од полиција, кружел низ градот со лични податоци од припадници на ромската заедница и избирачки список со точни места на кои што се гласа.
Околу 14:30 часот, запрено е ПМВ ,,Фиат” со струмички регистерски ознаки, управувано од Б.Г.(1964) од Струмица. Во багажникот е пронајдена копија од избирачки список и тетратка со податоци на лица од ромска националност, како и броеви на избирачки места каде истите треба да гласаат.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на траги и предмети за сторено кривично дело ,,Злоупотреба на лични податоци” ,,Повреда на слободата на определување на избирачите” и ,,Поткуп при избори и гласање”.
Извор: курир