Полицијата во оваа држава користи змии за да ги натера kpиминалците да зборуваат (Видео)

Властите во Индонезија почнале истрага откако полициските претставници признале дека нивни вработени во Папуа користеле змии како метод за обвинетите за грабежи да признаат дали го сториле делото.

Видео поставено на социјалните мрежи покажува како обвинет за кражба на мобилен телефон, седи на подот со врзани раце додека змијата се витка околу него.

Човекот вреска додека полицаецот го прашува:„Колку пати си украл мобилен“?

„Само два пати“, одговара уапсениот.

Потоа полицаецот како да сака змијата да му ја стави во уста, додека неговите колеги се смеат на глас.

Полицаецот бил повикан на распит, а надлежните не го открија неговото име.

Полицискиот командир се извинил за случајот и притоа додал дека „иако однесувањето на полицаецот не било професионално, сепак змијата не била опасна, затоа што не била отровница“.

Сепак, се чини ова не е изолиран случај, затоа што се верува дека полицајците, особено во Папуа, користат змии во истражните постапки. Со истиот метод се користеле и во војската.

Извор: “Прессинг ТВ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.