Во попладневните часови на 28 април на улицата „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот велешанец А.С, поради сомнение за сторено kpивично дело лихвapcтво.
Тој бил yaпсен при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30.000 денари, а му побарувал уште 90.000 денари како камата.
Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на лихвapoт, при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4.000.000 денари).
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.