Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување во студиото на ТВ Сител изјави дека полицијата, само со одлука на јавен обвинител ќе може влегува во домовите на граѓаните, за да провери дали има собрани поголем број на лицата од пропишаното.
За тоа дали може ли полицијата да ги спроведува новите предлог мерки, погледнете го гостувањето на Спасовски во вестите на СИТЕЛ ТВ
Како што најави министерот Филипче на денешната прес-конференција донесена е одлука за препорака на нови мерки, а таа подразбира забрана за семејни поголеми прослави и забави во домашни услови, како што се славите и разно-разните забави на кое е дозволено присуство на најмногу 4 луѓе, односно оние кои живеат таму и уште четворица други.
– Со оваа забрана дополнително ќе се избегне забавите од кафулињата и угостителските објекти да се префрлат во домашни услови. После 22 часот се забранува групирање на јавни места, односно во паркови, бензински и каде било…
Се воведува ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење маска или заштитна опрема т.е. прекривка на носот и устата и на затворено и на отворено, исклучок е при спортување на отворен и затворен простор, во возило ако сите се од едно семејство, при седење во угостителски објекти, при престој во службени птростории ако лицето е само со обавезно почитување на протоколите за дистанца.
Исклучок ова се и децата до 6 години во претшколска возраст, рече Филипче и најави дека овие препораки ќе бидат доставени до Владата.