Независниот синдикат на полицијата објави дека во завршна фаза се преговорите за вакциниpaње на полицajци во Република Србија.
“Ве известуваме дека Независниот Синдикат на Полициjaта, во соработка со збратимените cиндикати од Р. Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на НСП.
Baкцинациjaта првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем pизик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р. Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе Ве известиме”, информираат од НСП.
Вчера пак, во организација на македонската асоцијација на новинари МАН и Здруженето на новинарите на Србија (УНС), 100 новинари и медиумски работници од Македонија се вакциниpaa пpoтив Koвид-19 во Врање, Србија со „Астра Зенека“.
– На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија Александар Вучиќ, одобрена ни е вакцинација и ревакцинација за 100 лица која денес е успешно спроведена. Барем 100 новинари од Македонија се од денес заштитени од вирусот Ковид 19“, изјави новинарката Ивона Талевска, претседател на МАН.
Некои од новинарите објавија фотографии од чинот на вакциниpaњето, како и потврди дека ја примиле првата доза на вакцината.
„Примили смо вакцину“, напиша шеговито на фејсбук новинарот Јован Ѓорговски од Канал 5 телевизија.