На 17.09.2018 година во 22:50 часот во Полициска станица Прилеп е пријавена поплака од страна на лицето Б.Ц. од Прилеп.
На местото на настанот се упатиле двајца полициски службеници при што затекнале, патничко моторно возило „Ауди 100“, и лицата К.И. и пријавителот Б.Ц. кои започнале вербална расправија.
Од страна на полициските службеници се преземени мерки со цел да ги разделат, легитимираат и да ги предупредат лицата.
Во еден момент лицето К.И. истрчало кон еден полициски службеник и го удрило во пределот на вратот и рамото.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: “МВР”