Политичка лидерка од Швајцарија го осуди славјето на Албанците: “Не можам да се радувам на победата, бидејќи головите се постигнати за Косово”

После скандалозното однесување на швајцарските фудбалери во победата на Србија на Светското првенство, Народната партија на Швајцарија (SVP) би можела одново да започне дебата за фудбалерите со странско потекло во репрезентацијата на оваа земја.

Поради славењето со “двоглави орли”, партијата упатила критики на сметка на репрезентацијата.

Натали Рикли е една од првите луѓе на партијата, а на Твитер напиша дека не може да се радува на победата, бидејќи головите се постигнати за Косово.

“Навистина не можам да се радувам. Двата голови не се постигнати за Швајцарија, туку за Косово. Доколку некогаш косовската репрезентација би победила, тоа би ме радувало за нив, но играме на Светско првенство и го носиме знамето на Швајцарија”, порача таа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.