ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ГЕРМАНИЈА: Пред Меркел има пет опции – само една е со среќен крај !

Германската канцеларка Ангела Меркел го трпи најголемиот притисок во политичката кариера, а по самитот на ЕУ, во игра се пет сценарија поврзани со политичкта ситуација во Германија.

Првото сценарио предвидува среќен крај, а веројатноста да се реализира не е мала, пишува “Дојче Веле”.

Меркел се врати од Брисел како победник, бидејќи на самитот на ЕУ успеа да ги убеди останатите во намерата да се усогласи европската политика за азил, подобро да се заштитат границите и да се формираат центри за азиланти.

До новото регулирање на Даблинскиот договор, Меркел ги презентира и билатералните договори со Италија, Шпанија и Грција, според кои овие земји треба да ги преземат бегалците кои се веќе регистрирани кај нив.

Второто сценарио предвидува неизвесност и според него резултатот од самитот на ЕУ подлежи на различни интерпретации.

Се чини дека некои чекори во заедничката политика на ЕУ се одложуваат. Шефовите на државите и владите се обврзуваат дека до обновувањето на Даблинските одредви, ќе склопуваат билатерални договори за преземање на бегалци.

Ангела Меркел изјави дека веќе постигнала договор со Грција и Шпанија, но и дека е можен договор со Италија, а од ЦСУ бара трпение.

Зехофер и Зедер од ЦСУ тврдат дека веќе се е подготвено за враќање на бегалците. Владата на Меркел е разнишана, но таа останува на функција.

Според третото сценарио, критичарите на Меркел сметаат дека резултатите на самитот на ЕУ не биле добри. Од ЦСУ изјавуваат дека тие договори немаат никакво влијание врз германските граници, дека билатерални договори сеуште не се постигнати, па поради тоа федералната полиција започнува да им забранува влез на одредени бегалци во државата.

Меркел признава дека расположението во ЕУ е комплицирано, но и дека понатаму се работи на европско решение. На својот министер за внатрешни работи му дава “одврзани раце”. ЦСУ во предизборната кампања во Баварија, тоа го продаваат како победа над канцеларката, а таа, едвај остана на функција.

Според четвртото сценарио, Меркел ги прогласува резултатите на самитот и првите билатерални договори за голем успех и како важен елемент на европсото решение. Нејзините критичари од ЦСУ сметаат дека германските барања пропаднале. Зехофер наредува да се вратат бегалците од границата.

Ангела Меркел потсетува на европската одговорност на Германија и го сменува Зехофер, а ЦСУ ја напушта коалицијата. Пратеничката група на ЦДУ и ЦСУ во Бундестагот се распаѓа. Ангела Меркел води малцинска влада со СПД. Веројатноста на ова сценарио е голема.

Во петтото сценарио ЦДУ и ЦСУ различно ги вреднуаат европските договори. Зехофер започнува да работи на своја рака; канцеларката го сменува; коалицијата се распаѓа. Меркел ја презема одговорноста за неуспехот на владата; се распишуваат нови избори.

На следниот Конгрес на партијата таа нема да се кандидира за претседател. Веројатноста на ова сценарио е 4 на скала од 0 до 10.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.