Политичар кој своето име го добил по Адолф Хилтep победи на регионалните избори во Намибија.
Адолф Хитлep Уунона е избран зо 85 отсто од гласовите, а се наоѓал на листата на владејачката „SWAPO“ која во таа држава на власт е од 1990 година.
За германски Билд изјавил дека тој нема никаква врска со нациcтичkaта идеологија.
-Татко ми ми го даде името по тој човек, веројатно не знаел за што се залагал Адолф Хитлep. Како дете мислев оти тоа e сосема нормално име, дури како тинејџер сфатив дека станува збор за човек кој сакал да го покори целиот свет, вели тој.
Додава дека сопругата го нарекува едноставно „Адолф“, а тој најчесто го користи името Адолф Уунона, но вели оти сега е прекасно за да го промени името.