Политика на цинизам

ZORAN-199x300

Најпримитивниот отпор кон успехот на некого è цинизмот зад кој, главно, се крие личност на фрустриран идеалист. Така некако изгледа организираниот отпор кон владиното управување од страна на “водачите“ на опозицијата, таканаречената амстердамска група за божемен спас на државата и некои поранешни “експерти“ или/и членови на бивши владини состави кои што имале погубни политики за државата.
Се расприкажаа на претставите режирани од страна на “независните“ (проопозиционите) телевизии во желбата да го промовираат својот револуционерен мачизам, не оти имаат намера да креираат подобра иднина за нашата држава, туку оти имаат мерак да бидат на власт. Притоа, занесувајќи се во дадената улога на божемни експерти за критика на владините политики во режираните претстави на “соросоидните“ телевизии, зaборавија дека нивните ликови се асоцијација на апокалиптичните политики за македонската држава и народ.
Цинично беше и самото појавување на “амстердамецот “ Димитров на сосросоидните телевизии, бидејќи истиот на бесрамен начин ја напушти улогата бранител на името на нашата држава во рамките на обединетите нации и наместо тоа, комуникациите што ги стекна при реализацијата на таа улога ги искористи, само за да си ја обезбеди својата иднина вработувајќи се во странски организации…, циничен беше и настапот на таканаречениот “експерт“ за економија Ден Дончев, кој што специјално дојде дури од Австралија да се приклучи на отпорот на лидерчињата од опозицијата, заборавајќи притоа дека неговиот лик во македонската јавност се доживува како атрибут на аферите поврзани со продажбата на ТЕЛЕКОМОТ…, цинични се фрустрираните настапи на “лидерот“ на опозицијата Заев, кој што во своите очајнички обиди да ја убеди меѓународната политичка јавност во исправноста на неговиот револуционерен мачизам, повеќе è персонификација на политика на цинизам, предавство на националните интереси, кукавично однесување, болна зависност од култот (или папата како што го нарекуваат)на неговата партија,…циничен е начинот на “министерување“ на таканаречените технички министри и заменици на министрите кои што божем ги избрале за таа улога следбениците на опозицијата.
Таква е претставата на оваа болна политика на цинизам, која што во континуитет од почетокот на демократската политичка реформа на нашата држава ја промовира една тајфа инсталирана во водството на она што е денешна опозиција. Аферите сина птица, големото уво и сега бомбите на Заев, не се ништо друго туку афирмација на политиката на цинизам со која што во минатото нејзините кратори успевале да дојдат на власт, но и да го држат огламникот на сегашната политичка опозиција(не можам да најдам друга попрецизна метафора за оваа состојба на опозицијата).
Но, сега, во денешно време, оваа политиката на цинизам на тајфата што ја држи за огламник сегашната политичка опозиција соочена è со поинакви кормилари на власта, поинакви во смисла на нивната мотивираност и способност за водење на државата и нејзиниот еволутивен раст. Очигледно, веднаш уште по соочувањето со оваа политика на цинизам покажаа дека тоа се кормилари на власта кои што се сигурни во креирањето на добри дела за државата и сигурни во сопствената добра намера за добробит на народот. Всушност, тоа се кормилари на власта кои што не се уплашија, не подклекнаа на уцените од монтираните прислушкувања и не направија спогодба за да го напуштат кормилото на власта, како што тоа го направија главните ликови на власта во 2001 година. Да, во 2001 год. под притисок и уцена со прислушкувани материјали спакувани во досието “големо уво“ креаторите на политиката на цинизам направија трансфер на власта и сите актери на овој трансфер си живееја среќно и удобно во периодот што следуваше и покрај очигледните криминални афери.
Немам против тоа следбениците на опозицијата да веруваат во политиката на цинизам на нивните “водачи“, тоа е нивна работа. Немам против и на тоа “огламникот“ на опозицијата да го држат кратори на политика на цинизам. Но, имам против тоа, таквата политика да биде единствено правило за освојување на власта во државата, односно да се доаѓа на власт со цинизам, т.е. со прикривање на сопствените слабости и промашувања вадејќи се на сметка на другите. Ако сум во право, тогаш сме во голема невоља, бидејќи таквиот начин на водење политика е својствен на некрофилните водачи, односно водачи кои што ги уништуваат вистинските вредности на општествената заедница. На таков начин, измислувајќи афери и извлекувајќи се за сметка на евреите Хитлер успеа да ја приграби власта во сопствената држава и да ги игнорира во очите на тогашната германска јавност сопствените слабости и промашувања, притоа реализирајќи се како некрофилен водач.
Претставата на нашата политичка опозиција е таква, со политика на цинизам да се освои власта. Но, таквата претстава треба да не загрижува сите. Тоа не е обичен цинизам на излив на емоции, туку тоа е цинизам на лажна претстава за грижа за својата држава и народ. Тоа е манипулирање наменето за да не искористи сите нас, а со цел да се остварат болните амбиции на тајфата што го држи огламникот на опозицијата.
Д-р Зоран Петрески
Авторот е доктор на науки по јавна администрација




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.