Поларен студ ја зафаќа Македонија: Силен северен ветер и температури до -10 степени

Викендов, на 27 и 28 декември, Македонија ќе биде под влијание на изразено студен воздушен бран од североисток, кој ќе донесе значително заладување, силен северен ветер и локално провејување на слаб снег.

Се очекува да дува силен ветер од северен правец, кој повремено и локално ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Ваквите услови ќе придонесат и за расчистување на воздухот, особено во котлините каде во изминатиот период беше регистрирано зголемено аерозагадување.

Во Скопје и околината времето ќе биде многу студено, со услови за провејување на слаб снег во одделни делови од котлината. Северниот ветер повремено ќе достигнува брзина од 60 до 70 километри на час.

Утринските температури за време на викендот ќе се движат од -7 до 0 степени, додека дневните максимални ќе бидат меѓу -3 и 4 степени Целзиусови.

Дополнително заладување се очекува во понеделник, 29 декември, кога утринските температури ќе се спуштат од -10 до -2 степени, а на повисоките населени места и планините и под -10 степени.

Надлежните апелираат граѓаните да се подготват за изразено студено време и да носат соодветна топла облека.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.