Полагал за возачка и паднал, па му се заканувал на претседателот на комисијата кој бил од Прилеп

-Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 10:10 часот, го лишиле од слобода 21 годишниот А.К. од село Бузалково, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат од полагање на возачки испит, се заканувал на Д.Р.(62) од Прилеп, претседател на испитна комисија и на М.К. од Кавадарци, испитувач во испитниот центар.

Како што попладнево информираат од СВР Велес, А.К. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.