Лестер со 3:1 ја победи Легија во синоќешниот натпревар од петтото коло во групата Ц oд Лигата на Европа.
Групата Ц е една од најизедначените и сите екипи имаат шанса за пласман во следната фаза. Покрај Легија и Лестер во оваа група се натпреварува уште и Наполи на Елиф Елмас и Спартак Москва.
Лестер сега е лидер во групата со 8 бода. Спартак и Наполи имаат по 7, а Легија 6 освоени бода.
На стадионот “Кинг Пауер” во Лестер синоќа присутни беа неколку илјади навивачи на Легија, кои направија вистински неред.
Полските хулигани во еден момент се судрија со полицијата и удираа со нозе.