Покана за учество на “КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС 2016”

6344-pokana-za-ucestvo-na-krali-marko-treils-2016-960x600-1

Веќе шеста година по ред Прилеп и неговата околина ќе бидат домаќини на првиот и најголем интернационален настан во планинско трчање во Македонија – Крали Марко Треилс – По Стапките на Крали Марко. Настанот претставува комбинација од неколку трки во треил трчање (трчање во планина) и планинарење кои се одвиваат на Марковите Кули, планината Бабуна и околните прилепски ридови со различни должини.
Крали Марко Треилс претставува уникатен спортско-рекреативен настан со голема традиција и карактер на кој може да учествува буквално секој. Оваа година на репертоарот ќе има три трки со различни должини и висински разлики – погодни за сите нивоа на спремност како и една детска трка – наменета за најмладата спортска надеж и иднина на планинските спортови.
Најдолгата од трките – Крали Марко Ултра Треил ќе биде со должина од 90 километри со што настанот ќе биде првиот во Македонија и меѓу ретките на Балканот од ваков тип.

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ
Сабота 24.09.2016
• 09:00-12:00 – делење на стартни пакети (16/31/90)
• 18:00 – 20:00 – делење на стартни пакети (16/31/90)
• — слободни активности –
• 18:00 – отварање на ЕКСПО во Варош
• 19:00 – Технички состанок
• 20:00 – Паста Парти
• 23:00 – Старт на трката на 90 км – Крали Марко Ултра Треил
Недела 25.09.2016
• 07:00-09:00 – делење на стартни пакети (16/31/детска трка)
• 09:30 – старт на детската трка – Маркукуле
• 10:00 – старт на трките на 16 и 31км – Трескавец и Камена Баба Треил
• 16:00 – затварање на трката на 16 км
• 18:00 – затварање на трката на 31 км
• 19:00 – прогласување на победниците на сите трки и дочекување на последните финишери на КМУТ
• 21:00 – затварање на трката на 90км

Поволности и дополнителни активности:

*Бесплатен превоз за 80 тркачи (кои имаат потреба) од трките Трескавец Треил 16км и Камена
Баба Треил 31км на релација Скопје Прилеп Скопје на денот од трката 25.09.2016 (деталите
ќе бидат објавени во септември). Пријавувањето за превозот оди заедно со пријавувањето за
трките ( www.smartrace.club ) и станува валидно со уплатена котизација.

**Секој учесник на овогодинашното издание на КМТ во стартниот пакет ќе добие ваучер за 50%
попуст на тандем летање со параглајдер од Трескавец заедно со клубот „Скајрајдерс” од Прилеп. Летањето ќе може да го направат сите заинтересирани кои претходно ќе се најават на соодвентиот контакт (обезбеден од организаторот), а попустот ќе може да го подигнат со приложување на ваучерот (цената изнесува 1500 денари од лет). Тандем летовите ќе може да се направат во текот на двата натпреварувачки денови 2425.09.2016 година, со претходна најава.

Кој може да учествува?

Иако КМТ претставува настан со натпреварувачки карактер во планинско трчање, на него може да земат учество секој што е заинтерсиран за минување на еден убав активен ден во природа.
На пократките трки Трексавец Треил 16км и Камена Баба Треил 31км може слободно да учестува секој што има желба да планинари, да направи убава долга прошетка и едноставно да биде дел од уникатен спортски настан од европски калибар. Временските лимити на овие две трки се така поставени, да може секој учесник да ги исполни.

Ултрамаратонската трка Крали
Марко Ултра Треил 90км, пак, претставува сериозен спортски
потфат на кои може да се нафатат само најспремните и најхрабрите.
Трката за најмладите, Маркукуле Треил ќе биде целосно бесплатна и на неа ќе може да
учествуваат сите заинтересирани деца со претходна согласност од своите
родители/старатели.

ПРИЈАВУВАЊЕТО ТРАЕ ДО 31.08.2016 ИСТОТО
ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ НА ИНТЕРНЕТ деталите
се објавени тука http://goo.gl/cAYBzz
ОТВОРЕНА Е И ПРИЈАВА ЗА ВОЛОНТЕРИ ДОКОЛКУ ИМА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА
ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ТРКАТА ПРИЈАВУВАЊЕ
ТУКА http://goo.gl/JWhHC7

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.