Почитувани,
Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме на информативен настан на тема: „ Можности кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020” кој ќе се одржи на 1-ви февруари 2017 година (среда) со почеток од 11:00 часот во зградата на Општина Прилеп.
Инфо денот е во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенција за поттикнување на равој на земјоделството и Платежната Агенција (АФПЗРР).
Целта на информативниот ден е да се информираат потенцијалните апликанти за можностите кои ги нуди новата ИПАРД Програмата 2014-2020. На овој настан акцент ќе се стави на две мерки : “Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на
земјоделските и рибните производи” и “Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата 2014-2020 и ќе се разгледуваат прифатливи инвестиции, критериуми, потребни документи за поднесување на барања, склучување на
договори, поднесување на барања за исплата, проблеми од претходниот програмски период ИПАРД 2007-2013 година.
Со почит,
Центар за развој на Пелагониски плански регион
Агендата за настанот погледнете ја ТУКА