Сопственикот на хотелот Престиж во Белград, кој пред неколку недели направи драма кога се качи на кров и се закануваше дека ќе скокне поради долгови, сега повторно го стори истото.
Во моментов тој е на кровот на хотелот за кој должи многу пари, или 300.000 евра, и се заканува дека ќе скокне.
49-годишниот Бојан Радовановиќ повторно има блуза со претседателот Вучиќ, за кој изјави дека само него му верува.
Полиција, спасувачки екипи и пожарна се на терен, а врие и од случајни минувачи.