Познати добитниците на наградата „8-ми септември“

Одборот за доделување на Државната награда во областа на спортот „8 Септември” за посебни остварувања во областа на спортот ги награди Томе Коцев (борење), Слободан Николиќ (спортски доктор), Атанас Николовски (кајак), Кочо Димитровски (фудбал), додека претседателот на Карате федерацијата, Драган Стојановски, со наградата за животно дело за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот воМакедонија.

-Државната награда за спорт „8 Септември“ претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаја да ја промовираат Северна Македонија и да постигнат високи резултати на меѓународно поле. Членовите на одборот немаа воопшто лесна задача и поради тоа сама да им се заблагодарам кои со својата работа и покрај силната конкуренција ги избраа најдобрите, изјави Каевски, директор на АМС.

Честитки до добитниците упати и претседателката на одборот за доделување на наградите Ленче Алексовска-Величковска.

Големо е задоволството да промовираме луѓе, спортски работници, тренери селектори кои дале голем придонес во афирмација и промоција на спортот во Македонија и надвор од неа. Стручната комисија транспарентно, искрено, донесе предлог одлука која едногласно беше прифатена од одборот, изјави Алексовска-Величковска.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на посебна свеченост на 8 септември (недела) во 11 часот во Собранието на Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.