Познат бpитанcки acтpoлог твpди: Денecка започнyва нова epa кoja ќе тpae 200 години

Водечкиот британски астролог Јасмин Боланд тврди дека денеска, на 21 декември, почнува нова ера која ќе трае следните 200 години. Според него, секое преминување на планетите во нов знак е важен, бидејќи ја менува енергијата на целата планета. Додека Јупитер ќе поминува низ Водолија од 19 до 30 декември, нè очекуваат многу промени на личен и глобален план.

Во текот на 2020 година, Јупитер, планета на експанзија, беше во Јарец и носеше само ограничувања и економски колапс. Преминот во Водолија ќе го промени тоа и ќе донесе потполно поинаква енергија, тврди Боланд.

Сѐ повеќе луѓе ќе гледаат на светот поинаку и многумина ќе бидат подготвени да експериментираат. Тоа значи дека ќе има и многу протести, бидејќи многумина се плашат од промените.

Јупитер поттикнува среќа

Јупитер поттикнува раст и среќа. Кога ќе влезе во прогресивниот знак Водолија умовите на луѓето ќе се свртат кон нови идеи. Ќе се прошируваат видиците. Ќе бидеме охрабрени за големи дела.
Најголеми промени за човештвото треба да се очекуваат од 13 јануари, особено во светот на финансиите и информатичкиот сектор.

Промени ќе се чувствуваат и на личен план

Јупитер и Сатурн ќе се сретнат со три воздушни знаци (Близнаци, Вага и Водолија) и ќе донесат нова ера што ќе владее наредните 200 години. Многумина ја нарекуваат „ера на Водолијата“.
„Не заборавајте дека Јупитер е радост, а Сатурн строгост и што ќе му донесе на секој поединец на личен план, зависи од местата на кои се наоѓаат во наталниот хороскоп.

Ќе има многу страв и отпор на промените

Сатурн, кој исто така е во Водолија од 17 декември, носи стравови и отпор на промени, но со напорна работа, истрајност и планирање, може да се воспостави добра подлога за иднината.

Направете основа за иднината, ако ја пропуштите можноста, нема да има нова

Ќе има и погрешни одлуки и грешки. Но не заборавајте, Водолијата ја интересира само иднината. Водолијата ја цени индивидуалноста, интелектуалниот развој и не дозволува ограничувања. Таа е поврзана со напредната технологија и наука. Меѓутоа, со Уран, планетата на револуцијата, станува без контрола. Сигурно е дека ќе видиме откритија, пронајдоци, ширење на универзумот и ќе функционираме потполно поинаку.

Револуции и разводи

Јупитер носи и масовни протести, бидејќи луѓето се фрустрирани и немирни. Можни се и земјотреси, но на личен план. Луѓето ќе менуваат работа, брачни партнери, дом…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.