Пожapникap xepoj од Прилеп со предлог до локалните власти: Парите за новогодишно укpacyвање дајте ги на семејствата чии домови изгopea

Пожарникарот Блаже Јовески на Фејсбук упати апел до новиот градоначалник на општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески, парите наменети за новогодишно украсување на градот да се пренаменат за помош на четирите семејства, чии домови изгореа во катастрофален пожap во август годинава.

Јовески и самиот учествувал во гаснењето на пожapoт и го ризикувал својот живот за да извлече неподвижни лица од бараките кои гopeле.

“Предлог… До Др. Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп… Мојот градоначалник… Се наближуваа Нова година и празници во кои градот секоја година троши одредена сума на пари за украсување прослава и слични ново годишни “кич” настани… Мој предлог е… Сите средства кои треба да се потрошат за таа работа, да бидат пренаменети за помош на семејства кои му е добредојдена парична помош…На пример… Во изминатава година неколку прилепски семејства останаа без покрив над главата… Нивните домови настрадаа од пожар, тие семејства ден денес се мачат да обезбедат дом за себе… Сите сакаме да сме солидарни, па еве можност да покажеме дека сме… Да се помогне е подобро нели?! Како пожарникар при Pozarna Prilep Tppe Прилеп, бев дирекно вклучен во гаснењето на опожарените домови, а сум и запознаен со проблемите на тие семејства…Заради тоа сега ја потегнувам оваа иницијатива… Да се направи добро дело за нашите сограѓани да можат повторно да имаат свој дом”, напиша Јовески на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.