Голем пожар попладнево избувна позади депонијата Алинци во близина на Прилеп. Огнот зафати и дел од отпадот на депонијата, но пожарникарите од територијалната противпожарна единица заедно со екипи од ЈКП Комуналец успеале да го спречат огнот да ја зафати целата депонија.
Моментално гори борова шума позади депонијата, а екипи на ТППЕ и Комуналец се борат со огнената стихија.
За пожарот алармираа вработени во фабриките од технолошко-индустриската развојна зона кои први ги забележале густите облаци од чад.