Во изминатиов период пожарникарите од нашиот град имаат зголемена работа на пожари во кои е придизвикана материјална штета на наши сограѓани.
Имено, покрај што во изминатите денови бевме сведоци на запалени возила на наши сограѓани, вчера околу 19ч. било пријавено во ТППЕ Прилеп пожар на куќа на ул. “Бистра Планина”.
Од ТППЕ Прилеп излегле на терен со 3 возила и 10-тина пожарникари. За брзо време пожарот бил ставен под контрола, а потоа и целосно изгаснат, со што, како што велат од ТППЕ Прилеп, дел од куќата е спасена и не е дозволено пожарот да ја зафати целата куќа.
Така да уште еднаш нашите пожарникари ја покажаа нивната храброст, посветеност во својата работа и покрај што се почесто дознаваме за проблемите за состојбата со опремата, возилата и екипираноста на единицата.