Пожар има и во Гевгелија над над казиното „Фламинго“, во близина на автопатот и ГП Богородица.
Како што се дознава во близина има и бензинска пумпа, но засега времето е мирно и нема ветер.
На терен се противпожарните екипи, а според информациите гори градската депонија. Ова го јавуваат од невладината организација „Спас за Гевгелија“.