Нашата сограѓанка Андриана Ристеска беше единствениот претставник од Прилеп на првиот Меѓународен ромски фестивал на поезијата во Белград кој се одржа во периодот од 27.09.2019-29.09.2019 г.
На свеченото претставување кое се одржа во Клубот на народни пратеници на Дедиње, таа се закити со медал издаден од Министерството за култура и информирање при Владата на Република Србија, доби високо признание од Здружението на ромски писатели Београд и Канцеларијата за човечки и малцински права при Владата на Република Србија, како и награда Диплома за една од своите песни од Литературниот клуб Душан Матиќ од Ќуприја.
На овој фестивал беше промовирана Антологијата „ Таму каде што Сава го љуби Дунав “ во која три нејзини песни беа преведени на српски и на ромски јазик.
На фестивалот учествуваа 16 поети од Македонија кои во најдобро светло го претставија современото македонско поетско творештво.