Нашата сограѓанка Андриана Ристеска ќе биде единствениот претставник од Прилеп на првиот Меѓународен ромски фестивал на поезијата во Белград кој ќе се одржи во периодот од 27.09.2019-29.09.2019 г.
Дел од нејзината поезија ќе биде застапен во антологијата: „Тамо где Сава љуби Дунав“, во која песните, покрај на Македонски Јазик, ќе бидат преведени уште на Ромски и на Српски Јазик.
На овој фестивал ќе учествуваат 16 поети од Република Македонија.
Неодамна поетесата Андриана Ристеска освои шест награди на две поетски манифестации во Штип. На поетската средба ,,Гордана Коцева,, се закити со прва награда за најдобра поетска творба, со награда за уметник на лириката и награда за убав стил на пишување.
На меѓународната манифестација за литература, уметност и култура ,,Планетопија 2019,, Ристеска ги доби наградите Гран при за поезија, за севкупно поетско творештво и прва награда за најдобра поетска творба. Признанијата се поттик за Ристеска да продолжи да твори и да поезија.