Подрачното основно училиште во населеното место Подмол доби нови училишни простории. Комплетно се реновирани две училници со промена на дограмата, малтарење на ѕидовите, промена на подовите, а е реконструиран и холот на училиштето. Реконструкцијата чини осумстотини и педесет илјади денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Прилеп. Наскоро ова подрачно училиште ќе добие и детско игралиште кое ќе може да го користат како учениците така и останатите деца од ова населено место.