Едно оригинално видео кое за жал ја отсликува жалната реалност во која живеат нашите студенти во студентските домови. Колку и да е комично и интересно, намената на видео прилогот веројатно е спротивна.
Секоја чест за екипата на “Радио МОФ” кои го снимија прилогот со Александар од студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.
Од Радио МОФ велат дека секоја сличност со форматот на видеата на владините функционери е намерна.
Извор: “Радио МОФ”