Поддржувачи на Трамп споделуваат видео за кое тврдат дека е доказ за изборната измама (Видео)

Вирално видео од изборниот ден во САД се шири на социјалните мрежи, а претставува доказ на изборната измама.

Да потсетиме, водечките американски ТВ станици, вклучувајќи ја и телевизијата наклонета на Трамп, Фокс Њуз, како и угледната новинска агенција АП, предвиделе дека демократскиот кандидат Џо Бајден победил на американските избори.

Самиот Трамп повеќе пати тврдеше без никакви докази дека демократите се обидуваат да му ги „украдат“ изборите, односно дека на претседателските избори во САД имало измами.

Дел од гласачите на Трамп на социјалните мрежи споделија видео за кое тврдат дека докажува броење на гласови во округот Делавера во сојузната држава Пенсилванија, инаку клучна држава за американските избори. Бајден во таа држава го надмина Трамп по бројот на гласови, што му донесе 20 изборни гласа и на крајот победа на претседателските избори.

Луѓето кои го поддржуваат Трамп тврдат дека на снимката се гледа како бројачи на гласови пополнуваат гласачки ливчиња во корист на Бајден.

Но, во реалноста, бројчаите на гласови се осигурувале дека оштетените гласачки ливчиња може правилно да се избројат, рекле надлежните во петокот.

На снимката се гледа како вработен копира информации на празно ливче за потоа на глас да брои. Целиот процес го следат независни набљудувачи.

Надлежните велат дека снимката е зголемена за набљудувачите да не можат да се видат во кадар и за да се манипулира со снимката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.