Од 14-ти до 16-ти декември, ни пристигнува фестивалот кој што ќе го оживее Прилеп преку филмови, музика, работилници, разговори, дружби и добро друштво. Со големо задоволство ве покануваме на 8-то издание на Mеѓународниот филмски фестивал „Winter Apricots“.
За време на фестивалските денови ќе имате можност да погледнете филмови во три натпреварувачки селекции (национална, балканска и интернационална), како и неколку придружни програми. Покрај филмови, фестивалот ќе биде домаќин и на повеќе гости, работилници, концерти, како и специјални програми.
Чест ни е да ви ја претставиме и нашата најнова соработка. Оваа година, во партнерство со амбасадата на Република Италија во Скопје Ambasciata d’Italia in Skopje, возбудени сме што ќе бидеме домаќини на една специјална селекција на кратки филмови подготвена од Италијанскиот национален институт за кратки филмови во Торино Centro Nazionale del Cortometraggio / Italian Short Film Center, по повод
одбележувањето на Меѓународниот ден на краткиот филм!
Подгответе се за внимателно избрана селекција на нови италијански кратки филмови, кои ќе ни понудат увид во современата филмска продукција низ различните жанрови. Исто така со задоволство ви соопштуваме дека ја продолжуваме соработката со локалното здружение Slow Food Prilep, кое и оваа година ќе ја збогати трепезата на “Winter Apricots” со храна и пијалоци. Уште еден начин да ги споиме нашите енергии и да ја прествиме нашата земја и она што таа може да ни го понуди.
Билетите можат да се купат секој ден, по цена од 100 денари во кафе-галерија “Лувр“ (luvrgallerycafe) од 10.00 до 16.00 часот, или со резервации на телефонскиот број 075 806 340. Ве очекуваме!!