Позначителна промена на времето ќе започне од денешново попладне, а ќе трае и преку ноќта, поради премин на влажен бран од север проследен со повремено поројни врнежи од дожд особено во северезападните и источните делови од земјава. На повисоките планини особено на северозапад ќе има и појава на повремен снег. Ќе има и ретка појава на грмежи, денес повеќе кон југоисток, а утре на југозапад. Повремено засилен северен ветер ќе дува и преку ноќта, а и во текот на утрешниот ден што утре ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури, претежно за околу 8 степени.
Од вторник ќе се задржи претежно суво и ќе дува јужен ветер со кој краткотрајно температурите повторно ќе се покачат и над дваесетиот степен на југоистокот.
Од ноќта кон четврток, нов и значително постуден бран, ќе донесе нови, но послаби врнежи, почесто засилен ветер и се очекува појава на повремен снег на планинитеособено на север и северозапад.