Подгответе се за промена на времето – метеоролозите со нови информации за среда и четврток

Под влијание на релативно висок воздушен притисок, поточно aнтициклон кој е стациониран над североисточна Европа, и во текот на следниот период ќе условува релативно стабилно и суво време, информира метеорологот Славчо Попоски.

Само во среда навечер како и во четврток наутро ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

Ќе продолжи да дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Температурите на воздухот иако ќе бидат нешто пониски сепак и понатаму ќе бидат над просекот за овој дел од годината, истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, од четврток ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Поради ваквата ситуација ќе продолжи есенската суша која ја зафати нашата територија, но и поширокиот регион.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.