ПОДГОТВЕТЕ СЕ ВЕЧЕРВА ДА ЈА ВИДИТЕ: Супермесечина каква што не била во последните 70 години

Ако често знаете да шетате со погледот нагоре секогаш кога небото е јасно и полно со ѕвезди, ова е феномен кој не смеете да го пропуштите.

me1

Денес ќе бидеме сведоци на ретка супермесечина, односно оваа година првпат по цели 70 години, Месечината ќе изгледа за 14% поголема и дури 30% посјајна од вообичаената полна Месечина.

Причината за појавата на овој феномен е нејзината близина до Земјата. Последен пат Месечината била толку блиску до Земјата во 1948 година, додека следната ваква Месечина може да ја очекуваме на 25 ноември 2034 година.

Ваквата Супермесечина е толку ретка заради фактот што Месечината има елипсовидна орбита, а едната страна е за 48.280 километри поблиску до Земјата.

Кога Месечината ќе се најде најблиску до нас и ќе дојде до израмнување Земја-Месечина-Сонце, таа изгледа многу поголема и посјајна.

Супермесечината на што денес ќе се појави е посебна бидејќи во моментот на израмнувањето таа ќе биде најблиску до Земјата и ќе биде полна, што прави ние да ја перципираме како многу поголема и посјајна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.