Под отворено небо во Прилеп ќе се одржи “Неделата на новиот германски филм”

Во малку поразличен формат на 3 и 4 септември / четврток и петок/ 2020, на летната сцена во ЦК „ Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе се одржи Летно кино со „Неделата на новиот германски филм“. Ќе биде продолжена догогодишната традиција, а прилепчани ќе се дружат со најновите остварувања на богатата германска кинематографија.

За разлика од минатите години, овој пат гледачите ќе уживаат во филмските проекции на отворено, како што вели и слоганот „Под отворено небо“.

Oвогодинешното издание на „Неделата на новиот германски филм“ ЦК „Марко Цепенков“ го реализира во соработка со Амбасадата на СР Германија во земјата, Кинотека на Р. С. Македонија и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

Влезот е слободен, според протоколи за заштита од корона вирусот (задолжително носење на маска, мерење температура и дезинфекција на раце).

Распоред на филмови:

03.09.2020 – UNDINE (1:30min) почеток во 19.30 часот
03.09.2020 – BALLON (2:05min) почеток во 21.30 ч.
04.09.2020 – MEIN BLIND DATE MIT DEM LEBEN (1:51min) почеток во 19.30 ч.
04.09.2020 – DIE GOLDFISCHE(1:51min) почеток во 21.30 ч.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.