Под мотото „Комбинирај и движи се” започна одбележувањето на Европската недела на мобилност во Битола (Фото галерија)

Под мотото „Комбинирај и движи се” започна одбележувањето на Европската недела на мобилност, која се одржува од 16 до 22 септември низ цела Европа, а годинава се организира на тема „Мобилност за сите“.

И општина Битола се вклучи во овој глобален европски настан. Ученици од основното училиште „Елпида Караманди“, заедно со своите професори покажаа колку е значајни новите вело-патеки за сите учесници во сообраќајот, особено за децата, бидејќи на овој начин имаат можност за поголемо користење на велосипедите, но и поголема безбедност во сообраќајот.

На крајната точка – платото пред Офицерскиот дом, градоначалникот Тони Коњановски ги поздрави сите учесници во настанот по повод одбележувањето на Европската недела на мобилност.

„Локалната самоуправа, ја потенцира својата активна заложба за уште повеќе да се подобри инфраструктурата и изградбата на тротоари и велопатеки преку кои ќе се создадат потребните услови за поголемо користење на велосипед, но и зголемена безбедност за пешаците, како учесници во сообраќајот. Во оваа насока и со цел одржлива мобилност, покрај вело патеките во должина од над 5 километри, наскоро ќе добиеме и нова вело инфраструктура“, рече Коњановски.

Европската недела на мобилност со свои активности низ цела Европа и светот оваа година се одржува во над 2010 градови од 44 држави од Европа и светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.