Погледнете како изгледа новиот дом на Атиџе: Хуманите луѓе направија чудо (Фото)

Сузана Турунџиева во последно време минува многу време со Атиџе Муратова и станаа одлични пријателки.

Сега, таа на својот Фејсбук профил сподели прекрасна вест:

„Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дуда и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна! Ви благодариме…“, напиша Сузана Турунџиева.

“Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни. Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направијја во куќата на Атиџе во Дорфулија се реализираа благодарение на Маурисио Дибјаџио сопругот на најуспешната и најхумана Македонка во Дијаспората Maria Duda кој отвори сметка за донации на која се собираа средства за овој голем проект. Маурисио, бескрајно сме ти благодарни”, напиша во друг статус на Фејсбук Турунџиева.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.