Луѓето со жолти заби, главно пушачите, избегаваат да се смеат како би ги сокриле своите заби. Жолтите заби се чест проблем, дури и луѓе кои не пушат се соочуваат со тој проблем, особено ако конзумираат премногу шеќер, како и љубителите на кафе или црн чај.
Меѓутоа, белите заби не се недостижна цел. Всушност, таа цел може да се оствари и без користење на индустриски производи кои се полни со хемиски супстанци. Ако сте се соочиле со овој проблем, дефинитивно треба да го пробате овој начин на избелување на забите.
Нема да чекате резултати по н еколку дена, недела или месеци. Тоа можете да го н аправите за неколку минути.
Сигурно сте слушнале за кокосово масло. Кокосовото масло ќе ви помогне да ги избелите забите за помалку од 2 минути.
За да направите свое сопствено средство за белење на заби потребни ви се две состојки: кокосово масло и сода бикарбона. Земете по 5 кафени лажици масло и сода бикарбона и ставете ги во некоја помала тегла. Се што треба да направите е да ја замените својата паста за заби со оваа смеса. Резултатите се забележуваат уште по првата употреба.