Поглаварот на МПЦ-ОА се обрати до нацијата и повика на протест против два владини закони (ВИДЕО)

НАРОДОТ И ЦРКВАТА ИЗЛЕГУВААТ ЗАЕДНО НА СЕНАРОДНИОТ СОБИР ЗА ЗАШТИТА НА НАШИТЕ ДЕЦА!

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција кои според црквата се против интересите на македонските граѓани.

МПЦ-ОА забележува што во предложените закони ниле упати на низа забелешки за спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат во предвид од страна на власта.

Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата поради што Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Во прилог и обраќањето на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.