Погба им открил на пријателите: Ова е мојот нов клуб!

Францускиот весник „Л’Екип“ денеска излезе со тврдење дека Пол Погба им се доверил на своите пријатели и им кажал дека сака да се пресели во Манчестер Јунајтед.

pogba-640x356

Денешното издание на „Л’Екип“ вели дека агентот на Пол Погба, Мино Раиола во понеделникот се сретнал со извршниот потпретседател на „црвените ѓаволи“, Ед Вудворд и направиле стратегија за негово враќање на „Олд Трафорд“.

Весникот исто така пишува дека играчот веќе им се доверил на пријателите и им кажал дека сака да се врати во Манчестер јунајтед. Се шпекулира дека трансферот на Погба од Јувентус во Јунајтед ќе биде рекорден и ќе изнесува енормни 120 милиони евра, а Французинот ќе заработува 13 милиони евра годишно. Дополнително, неговиот агент од трансферот ќе се офајди за неверојатни 25 милиони евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.