Повторно поскапеа горивата, ова се новите цени

„Макпетрол“ АД Скопје ги информира своите потрошувачи и пошироката јавност за новите малопродажните цени на одделни нафтени деривати кои ќе важат на бензинските станици на „Макпетрол“ АД Скопје, а ќе се применуваат од 00:01 часот на 21.5.2019 година и тоа:

– Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
– Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
– Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.

Поскапувањето е дојдено поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи.

Цената на дериватите се пресметува врз основа на цената на нафтата на светските берзи, а не како досега врз основа на прозводната цена која ја даваше ОКТА. Ќе биде вкалкулиран курсот на доларот и трошоците на трговците, со пресметана маржа.

„Трошокот за транспорт од местото каде што се купува до складовите каде што ја складираат исто така ќе се земе во предвид, потоа ќе се земе во предвид и маржата којашто треба да ја имаат и трговците и на големо и што продаваат во малопродажба, а исто така ќе ја земеме во предвид и транспортот од складовите на трговците до бензиските станици“, рече Марко Бислимовски, претседател на регулаторна комисија за енергетика.

Првиот човек на Макпетрол Андреа Јосифовски пак вели дека не е проблем трговците да се снајдат во овој вакуум простор на пазарот без нова методологија. Тие ќе можат да си одредат цени кои ќе важат додека не се донесе новата пресметка од Регулаторна. Вели дека според движењето на цените на нафтата на светските ебрзи од понеделник може да има намалување на цените на бензините за половина денар и зголемување кај дизелот за исто толку.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.